Наши услуги

Tesla LED не е само продажба на производ. Го водиме проектот од првата идеја, преку изработка, до монтажа и сервис по пуштање во работа.

Дизајн

Секој проект започнува со разговор. Ги слушаме вашите потреби и ви помагаме да изберете вистинско решение — пред да потрошите и еден денар.

Од идеја до конкретен план

Дизајнот не е само естетика — тоа е стратешка одлука за тоа каде, колку голем и каков тип на дисплеј или реклама најдобро ќе ја врши работата. Нашиот тим ви помага да стигнете до тој одговор брзо и конкретно.

  • Бесплатна консултација — разговараме за вашиот простор, цел и буџет без обврска.
  • Избор на формат и димензии — препорака за оптимална големина и тип на систем.
  • Анализа на локација — растојание на гледање, осветленост и монтажни услови.
  • Визуелизација — прибл. приказ на тоа како ќе изгледа готовото решение.
  • Понуда без изненадувања — јасна цена и опфат уште пред почеток.
Трговски простори Фасади Билборди Јавни површини

Производство

Секое решение се изработува според конкретниот проект — dimenzii, технички параметри и намена. Без стандардни пакети, без компромис во квалитетот.

Изработено според вашиот проект

Производството го прилагодуваме кон конкретните барања — тип на дисплеј или реклама, конструкција, заштита и компоненти избрани за реалните услови на употреба. Нема стандардни решенија, секое е посебно.

  • Custom изработка — димензии, форма и систем прилагодени на вашиот простор.
  • Квалитетни компоненти — LED модули и електроника избрани за долготрајна работа.
  • IP заштита — соодветна класа на заштита за indoor и outdoor примена.
  • Контрола на квалитет — секое решение се тестира пред испорака.
  • Брза реализација — реален рок на изработка и испорака.
LED дисплеи Светлосни реклами 3D реклами Флексибилни системи

Монтажа

Поставувањето на терен го извршуваме ние — со искусен тим, соодветна опрема и целосна одговорност за финалниот резултат.

Поставено правилно од прв пат

Монтажата е критична фаза — лошото поставување може да влијае на изгледот, безбедноста и трајноста на системот. Нашиот тим ги обработува сите аспекти: конструкција, кабелирање, поставување и тест.

  • Искусен монтажен тим — искуство со сите типови на LED и светлосни системи.
  • Целосно кабелирање — уредна и безбедна инсталација на напојување и сигнал.
  • Техничко пуштање — конфигурација на системот и проверка на сите функции.
  • Финална проверка — тест на сите параметри пред предавање на клиентот.
  • Обука за користење — ви покажуваме како самостојно да управувате со системот.
Фасади Деловни простори Надворешни површини Спортски терени

Сервис и поддршка

Нашата работа не завршува со монтажата. Обезбедуваме техничка поддршка, редовно одржување и брза реакција при евентуален дефект.

Поддршка и по завршување на проектот

LED системите работат долго и стабилно — но кога ќе се случи нешто, важно е да имате некој кому можете да му се јавите. Обезбедуваме брз одговор, дијагностика и сервис на терен.

  • Техничка поддршка — совет и помош по телефон или на терен.
  • Сервис на терен — брза реакција при дефект или технички проблем.
  • Замена на модули — достапни резервни делови за брза поправка.
  • Редовно одржување — превентивни прегледи за подолг животен век на системот.
  • Гаранција — јасни гарантни услови за сите изведени проекти.
Итни интервенции Редовен сервис Замена на делови Телефонска поддршка

Како тече еден проект?

За клиентот процесот треба да биде јасен и сигурен. Затоа услугите ги водиме во логични фази, со јасна комуникација и одговорност во секој чекор.

  • 1. Консултација — ги собираме потребите, локацијата и целта на проектот.
  • 2. Предлог решение — добивате насока за формат, систем, димензија и буџет.
  • 3. Изработка — се подготвува производството и техничката реализација.
  • 4. Монтажа и пуштање — поставување, тест и предавање на готово решение.
  • 5. Поддршка — сервис и помош по реализацијата.

Што добивате со Tesla LED?

Наместо одделно да барате дизајнер, изведувач, монтажер и сервисер, добивате еден тим што ја следи целата изведба.

  • Еден контакт — полесна координација и побрзи одлуки.
  • Практична изведба — решенија што можат реално да се постават и одржуваат.
  • Техничка сигурност — избор на компоненти и систем според реална употреба.