Плаќање директно на нашата сметка
Про/Фактура ќе добиете автоматски на е-маил кога ќе ја потврдите нарачката.
Вашата нарачка ќе биде испорачана кога средствата ќе легнат на нашата сметка.
Овој начин наплаќање најмогу го користат фирмите и физчки лица кои што употребуваат електронско банкарство.
Доколку се решите нарачката да ја платите на овој начин, откога ќе кликнете на копчето НАРАЧАЈ ќе ви се појави информација со бројот на нарачката, износот и нашата смекта каде што треба да се уплатат средствата. Нарачката ќе биде испорачана откога средствата ќе легнат на нашата сметка!
Плаќање при прием на производот, платете на курирот/поштарот кога ќе го добиете производот.
Ова е воедно и најпопуларниот начин на плаќање на нарачките (барем во моментот додека го пишуваме ова)
Доколку се решите нарачката да ја платите на овој начин се што треба е е да кликнете на копчето НАРАЧАЈ и работата е завршена, ќе добиете нотификација дека нарачката е примена.
Плаќање со Кредитна Картичка, подржани се сите популарни картици во Македонија.
Со избирањето на оваа опција привремено ве пренасочуваме до безбедносниот сервер на банката, каде ќе ја направите трансакцијата.
Податоците од вашата картичка не ги гледаме, само од банката добиваме нотификација дека средствата се резервирани, а истите ги наплаќаме откога ќе ја потврдиме нарачката.
Плаќањето со картички станува се популарно од ден на ден, очекуваме во иднина овој начин да стане и најупотребуван.