Личните податоци кои ги бараме од купувачите се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Теслалед се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга.
Во делот КОНТАКТ освен што е истакнат телефонски број и адреса на кој може купувачите и посетителите на веб страницата да не контактираат, исто така постои Контакт форма за уште полесно и побрзо да не контактираат, во која може да пишат, а при тоа треба да го внесат нивното име и е-маил адреса. Овие податоци ни се потребни за да можеме да одговориме на прашањето.
При ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ од купувачот, потребни ни се следните информации – име, презиме, е-маил, телефон, и информации за продуктот (нарачката). Овие информации ги бараме за да можеме успешно да ја обработиме процедурата за враќање на производот, негова замена или враќање на средствата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и се доверливи само на електронскиот систем за работа. Сите вработени во Тесла Лед се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата веб страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.
1. Општи одредби
Tесла Лед ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од веб страницата без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Тесла Лед ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија.
Тесла Лед може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник исто така и за нас како давател на услуга тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
2. Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до страницата на Тесла Лед со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите содржини содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
3. Врски (линкови) кон други веб локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб страниците на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа веб страница, тоа го правите на сопствен ризик.
4. Кориснички блог
Тесла Лед може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, Тесла Лед не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост на верска, национална, полова основа или друго.
Тесл Лед го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
РЕКЛАМАЦИИ
Замената на производот може да ја направите во договор со нас. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена или рефундација на средствата.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да не контактирате телефонски на 02 613 7030 / +389 78 355 377 или на е-маил info@teslaled.mk
ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Тесла Лед се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Тесла Лед се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.