КОВИД-19. Последните научни студии велат дека УВ-Ц светлината може многу брзо и ефикасно да ги убијат сите понови мутации на Коронавирусот
Истражувањето објавено во списанието Фотохемија и Фотобиологија Б ја оцени како исклучително ефикасна дезинфекцијата со УВ-Ц зрачењето за справување со вирусот од фамилијата на коронавируси во што го вклучува и САРС-КОВ-2 кој што го предизвикува Ковид-19.
„Целиот свет во моментов бара ефективни решенија за дезинфекција на коронавирусот“, рече Хадас Мамане, коавтор на студијата од американскиот Универзитет „Пријатели на Тел Авив“ во САД.
Со цел да се дезинфицираат фабрики, канцеларии, болници, лабаратории, работни простории, училници, автобуси со хемиско прскање потребна е физичка работна сила како и подолго време а потребни се и позамашни количини на хемикалии за успешно да дејствуваат на површината.
Системите за дезинфекција базирани на УВ-Ц светлина може да се користат како одлични и многу посупериорни решенија и успешно да го стерилизираат и воздухот и работните површини, рече Мамане.
Откривме дека е прилично едноставно да се убие коронавирусот со помош на УВ-Ц светилки што зрачат на соодветна бранова должина. Ги убивме САРС-КОВ-2 вирусите користејќи УВ-Ц светилки, кои што трошат многу малку електрична енергија. Научниците веруваат дека истражувањето има комерцијални и општествени бенефити, со оглед на големата потреба за широка употреба на УВ-Ц светилки.
Со потребни прилагодувања, тие рекоа дека таков тип на светилки ќе биде пожелно да се инсталира во се поголем број на објекти, домови како и државни установи.