Правила и услови за користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила и услови за користење на сајтот и купување наши производи. Бидејќи со самото користење на сајтот или правење нарачка преку сајтот или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила. Исто така ве молиме да одвоите време и да ги прочитате нашата политика на приватност и политика за колачиња.

 

Доколку не се согласувате со овие правила или нашата политика за приватност и колачиња ве молиме да го напуштите сајтот.

 

Сите цени во оваа интернет продавница се во денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

Со секоја нарачка ќе добиете фактура во која детално се опишани сите производи со цени како и даночната основица без ДДВ и вкупниот износ со вклучен ДДВ.

Правењето нарачки во TESLALED е исклучително лесно, додавате производи во кошничката, и за крај притискате на копчето за нарачка каде ги пополнувате полињата бирате начин на плаќање и испорака и за крај кликате на копчето нарачај. А доколку не може да се снајдете ве замолуваме да не контактирате.

Во моментов подржуваме три начини за плаќање на нарачките:

–Плаќање преку Банка на Сметка
–Плаќање при достава
–Плаќање со кредитна картичка

Може да ја посетите и нашата страница за Начини на Плаќање каде што детално се опишани секој од начините за плаќање.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и е-маил порака како потврда дека нарачката е примена. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

 

Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

 

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

 

По правило производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

 

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

 

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

 

Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

Производот можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето. А претходно да не контактирате на тел 071 308 777 да се договориме за што конкретно сакате да направите замена.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.

 

Откога производите што сакате да ги замените ќе стигнат во нашето седиште. Веднаш ќе ви биде пратена соодветна замена согласно договор. Не може да правиме замени без прво да се вратат производите.

 

Поштарината за замените е на сметка на клиентот.

Производот кој не ви одговара можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со приложените документи (фаткура/број на нарачка) и број на трансакциска сметка да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

 

Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.

 

Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.

 

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го прифатиме.

 

Откако производите што сакате да ги вратите ќе стигнат во нашето седиште. Парите ќе ви бидат префрлине на Вашата трансакциска сметка во најкус можен рок.

 

Поштарината за враќањето на производите е на сметка на клиентот.

Scroll to Top