LED extra

TESLA LED специјални лампи

TESLA LED лампи специјализирани за прехрамбени производи

Специјализирани LED лампи за месари, пиљари и пекари. Ова се LED лампи со посебна светлина кои што на вашиот СВЕЖ производ му даваат попривлечен изглед и со посвежи бои. Со самото тоа ви гарантираме дека продажбата ќе ви се зголеми за неколку пати. На месните производи им даваат поцрвена боја, на зеленчукот и на овошјето му даваат посвеж изглед, а пекарските производи изгледаат многу попримамливо. Ова ни е еден од најпосакуваните и најбараните производи, од сите трговци кои што работат во директна продажба на прехрамбени производи.

TESLA LED тушеви и чешми во боја

TESLA LED тушеви и чешми во боја

Додајте му малку уметност на вашиот простор било да се работи за дом, спа центар, хотел, кафе бар или ресторан. Со специјалниот LED ефект кој што се постигнува со чешмите и тушевите во боја секој допир со водата ќе ви биде посебен. Бојата на водата се менува во зависност од температурата која што ја има водата во дадениот момент за ладна – сина боја, за топла – црвена боја, за млака – виолетова боја и сл. Квалитетот на овие производи е одличен, исто како и самата технологија којашто ги освојува сите светски пазари.

TESLA LED сијалица на далечински управувач

TESLA LED сијалица на далечински управувач

TESLA LED сијалица на далечински управувач која што менува светлина по ваша желба и потреба. Сијалицата може да се употребува во стандардно Е27 грло како на сите обични сијалици. Поседувате локал, кафебар, ресторан, игротека на која што сакате декорацијата да и дојде до израз или едноставно да внесете малку новитет во просторот? Ова е вашиот производ...
Нашата TESLA LED сијалица на далечински управувач,RGB (црвена, зелена, сина). Може да се користи како обична сијалица со фиксна светлина или како сијалица која што ги менува боите и при тоа ќе создава светлечки ефекти. Оваа магична сијалица е способна да емитува бела, црвена, зелена, сина боја, и плус други дванаесет комбинации на бои. Важно е да се напомене дека покрај сите квалитетни карактеристики кои што ги има оваа сијалица ја има и таа карактеристика да троши минимални 3W.

TESLA LED безбедносни светлосни ѕивани за велосипед и моторцикл

TESLA LED безбедносни светлосни ѕивани

Се чувствувате несигурни во сообраќајот, помалку небезбедно? TESLA LED безбедносните светлосни ѕивани за велосипед и моторцикл се вистинското решение за вас. Со нив секако ќе ве забележат, а со самото тоа ќе можете поопуштено да возите низ градските улици со вашиот велосипед или моторцикл. Родители зголемете ја сигурноста на вашите деца. Ѕиваните се активираат само кога велосипедот или моторциклот се во движење.

TESLA LED 360° безбедносно задно светло за велосипед

TESLA LED 360° безбедносно задно светло за велосипед

Возите велосипед но не се чувствувате безбедно во сообраќајот? Често се случува некој автомобил да не ве види или игнорира? Кажете му СТОП на сето тоа, со нашето TESLA LED 360° безбедносно задно светло ќе бидете видени од сите страни. Како е тоа можно? Погледнете ги добро нашите фотографии од производот и верувајте дека добивате автентичен производ со посебен квалитет. На крај само едно прашање: Што има повредно од вашиот живот или животот на вашите најмили? Земете го овој производ и зголемете ја сигурноста при возење на велосипед.