LED light info

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Прашање 1: Што е тоа LED ?
Одговор 1: LED е светлечка диода односно (од Анг. Light-emitted Diode,LED). Попрецизно кажано електронски полупроводнички елемент кој што зрачи светлина и е посебен вид на диода. LED се користи како индикатор на светлина во многу технички апликации на пример: телевизори, мобилни уреди, разни видови на екрани и сл. Во последните неколку години е се помасовна употребата на LED технологијата во осветлувањето од секаков тип на светлечки тела: LED цевки,LED сијалици, рефлектори, улично осветлување, декоративно осветлување и сл.
Прашање 2: Која боја на светлина LED светлото може да емитува?
Одговор 2: : Повеќето LED светла се монохроматични. Бојата на светлината се добива преку различни бранови должини, LED диодите се направени со различни полупроводнички материјали кои што емитуваат светлина на различна бранова должина. LED светлината се емитува на бранова должина од 400 нанометри сина боја, до 800 нанометри црвена боја. Боите кои што се достапни во продажба најчесто се бела и жолта, но по нарачка и по потреба имаме и црвена, портокалова зелена, виолетова и сина боја.
Прашање 3: Дали може да се замени конвенционалната инкандесцентна и флоросцентна сијалица со LED сијалица или цевка?
Одговор 3: Секако дека може. LED осветлувањето од ден на ден зема се повеќе замав како во домашното осветлување, индустриското осветлување, така и во различни технологии како на пример: автомобилската индустрија, телефонија, LCD осветлување итн.
Прашање 4: Кои се предностите на LED-от во споредба со конвенционалното осветлување?
Одговор 4: Предностите кои што ги нуди LED технологијата во споредба со конвенционалното осветлување се огромни како:
  • Ниска потрошувачка на енергија (многу штедливи) од 75 до 90% помала потрошувачка
  • Долг животен век над 50.000 саати
  • Пријатна светлина
  • Резистентни и отпорни на удар
  • Помали се и полесни
  • Моментално палење
  • Едноставни се за користење
Прашање 5: Набројавме толку многу предности, но дали LED-от има и некоја слаба страна?
Одговор 5: Да бидеме реални има. А тоа е моменталната почетна инвестиција која што е неколку пати поскапа од конвенциалното осветлување на пример 1:5 или 1:7 во зависност од производот и неговиот квалитет. Но доколку се земе во предвид тоа дека една LED цевка има век на траење минимум колку 10 неонки или една LED сијалица има век на траење колку 25 конвенционални сијалици, а заштедува и до 9 пати помалку струја веруваме дека многу брзо ќе ви стане јасна огромната исплатливост на користење на LED осветлувањето. Почетната инвестивија се враќа за 4 до 6 месеци, а наредните 5 години ќе плаќате многу поевтина струја.
Прашање 6: Кој LED производи се моментално достапни за потрошувачите?
Одговор 6: Најпопуларни производи со кои што располагаме се LED цевките и LED сијалиците кои што можат да се употребуваат како во домовите, така и во канцелариите, бизнис центрите, трговски центри итн. Потоа LED осветлувањето за внатрешно и надворешно уредување, LED осветлување за индустриски објекти како рефлектори и сл. LED осветлување за патишта, тунели и улично LED осветлување. Накратко по потреба на клиентот располагаме со сите типови на LED осветлување.